Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на Фејсбук објави спот за, како што вели, хаосот кој Зоран Заев и власта на СДСМ ја предизвикале со лошото менаџирање на кризата со Ковид 19.

 

 „Донесоа мерки кои самите не ги почитуваат, ги затворија граѓаните создавајќи хаос, а на крај вината за нивното нестручно, несоодветно и несовесно постапување се обидоа да ја префрлат на граѓаните. За хаосот кој го создадоа е срамно да ги обвинат граѓаните. Вистината е една: виновни се Заев, Филипче, Николовски и СДСМ. Во ек на корона кризата генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски контра препораките на владата наместо да остане дома замина во Берово.Во време на полициски час градскиот татко не беше во Скопје, бил во неговата вила во Маврово. И Шекеринска како Шилегов откако го затворија Скопје си заминаа за Маврово. Оваа влада се што ќе препорача ништо не почитува.

За само неколку часа од градот излегоа над 20.000 возила. Километарски редици на патарините, метеж по автопатите. Гужвата беше најизразена, без дистанца и чекање во редови. Не е убаво ова од државата што ни го прави. Станува ли СДСМ корона жариште? Се загрозува ли здравјето на граѓаните со терање на изборна кампања во време на пандемија. Скопскиот регион кој што е неделив, не може да му се направи рестрикција на улица. Ова Припор со само неколку чекори влегуваме во општина Сопиште од место кај што има целосен карантин, но овде има само полициски час од 16 часот. Ова е луда работа. Чудно ми е. Оваа куќа има карантин, а овде нема карантин, вели Јанушев-коментира Јанушев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.