Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев изјави дека ВМРО-ДПМНЕ најжестоко го осудува говорот на омраза.

ВМРО-ДПМНЕ најжестото го осудува говорот на омраза, лиферуван од експоненти на власта.
Нивото на жестината на ваквиот говор на омраза, ксенофобија и ширење на антисемитизам, е големо затоа што позади него се крие власта, СДСМ и Зоран Заев, рече Јанушев.

Според него, СДСМ води политика на поделби и политика на недемократски вредности.

Токму затоа ‘Економист’ ја прогласи земјата за хибриден режим што е на чекор до авторитарен режим.Власта како свои миленичиња ги третира сите оние кои сеат омраза врз политичките противници и тие луѓе се заштитени бели мечки, било тоа да е Тричковски или некој друг.Политиката на поделби на Заев не носи во амбис.

Станавме земја со хибриден режим, и за жал Заев од држава која почива врз антифаштистичките вредности и која е градена врз таа идеологија не претвора во неславен пример систем кој поддржува антисемитизам и говор на омраза кој не смее да се толерира.Ваквите галеничиња на СДСМ кои тоа го прават, кои го фалат Заев во секоја прилика и целата власт со години се толерирани од институциите. ЈО со години молчи и не презема ништо.

Очекуваме институциите да реагираат. Говорот на омраза не смее да биде толериран. До кога во оваа држава, без разлика дали се работи за некој од ВМРО-ДПМНЕ или друга партија, ќе биде толериран за говор на омраза. Секојдневно жртви се не само политички личности туку и медиуми кои се етикетираат, новинари, јавни личности, уметници, поединци. Го повикувам и ЗНМ да се огради и да го осуди ваквиот говор на омраза.Говорот на омраза не е сила, тоа слабост зад кој стои страв. Сето ова го покажува стравот кој СДСМ го има од претстојниот пораз, па во паника се закануваат, заплашуваат и шират говор на омраза.Поразот на СДСМ е неминовен и тој доаѓа на 12 април“, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.