После Фрчковски вие сте единствен кој што може да зборува многу долго време без ништо да каже. Не ви беше изјава, беше твитер во јуни 2019-тата година, проверете си го профилот. Веројатно сте малку збунет. Ако сакате да зборуваме кој што направил, можеме да се навратиме и не знам на 2008 година кога сите предуслови за НАТО беа исполнети, а сепак добивме вето од Грција. Може да се вратиме и 2006-2007 година кога Македонија почна да добива и добиваше со години не знам колку позитивни препораки и извештаи“, истакна Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на собраниска седница говорејќи за Никола Димитров.

Јанушев додаде дека нешто што е сработено во минатото пред СДСМ да дојде на власт не може да го присвои. Тоа сработено не е на СДСМ.

За вашите проекти ќе оставам граѓаните да ценат, од што немате што да кажете, вртите од околу, од околу па на ќоше, за на крај да кажете дека сте поднеле апликација. Мислам дека навистина заслужуваат аплауз за поднесување на апликација, рече Јанушев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.