енералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Третата изборна единица Игор Јанушев ги повика кратовчани масовно да излезат и да го дадат својот глас на 15 јули.

– Деновиве сме сведоци на огромен поткуп. Афери со лични карти, а знаете и дека овде во Кратово нудат пакети со цел да влијаат врз вашиот глас, рече Јанушев.

Најави дека ВМРО-ДПМНЕ доколку победи на изборите, ќе донесе закон за испитување на потеклото на имотот на политичарите.

– Да видиме дали Заев навистина има 70 илјади евра колку што пријавил, дали се 8 и пол милиони евра како што го слушнавме дека кажува или можеби се многу повеќе. Тоа го имаме во програмата и секој еден ќе треба да докаже како го стекнал својот имот, рече Јанушев. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.