Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев смета дека надвор од памет е да се влезе во изборна кампања веднаш по завршување на вонредната состојба.

На 15 мај ако заврши вонредната состојба и доколку не се продолжи истата на 16 мај треба ние да влеземе во кампања, што според мене е надвор од памет.Не само поради условите во кои што се наоѓаме со соте овое закани од корона вирусот, туку и реално тоа е невозможно согласно Изборниот законик секое лице кое што на денот на одржување на избороте полни 18 години мора да биде запишано во избирачкиот список без разлика дали има валиден документ за лична идентицикација односно лична карта или пасош, вели Јанушев во гостување во емисијата 360 Степени на Алсат М.

Според Јанушев потребна е одржување на лидерска средба во која ќе учествубаат сите релавантни политички партии и ќе донесат консензус за нов датум додавајќи дека е потребно од формално правен аспект да се донесе нова уредба со законска сила од страна на Владата.

Потребно е да има лидерска средба со учество на сите релевантни политички партии и се надевам дека врз база на еден консензус помеѓу сите партии ќе се определи новиот датум но секако од формално правен аспек ќе мора да се донесе измена или нова уредба со законска сила од страна на владата, додава Јанушев



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.