Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, како одговор на прашање на бугарската агенција БНР, изјави дека Словенија секако ја разбира позицијата на Бугарија за нејзиното вето за почеток на преговорите со Македонија, затоа што е земја-членка.
Кога сме во едно семејство, прво доаѓа неговиот интерес, а потоа на другите – изјави Јанша.
Премиерот Јанша, сепак, додаде дека во исто време ЕУ мора да се однесува како семејство или во спротивно самото тоа е под закана.
Ние мора да се обидеме да најдеме компромис – истакна тој.
Јанша го опишува последниот предлог на португалското претседателство за продолжување на преговорите како добар.
Добро е за Бугарија да прифати нација која зборува сличен јазик и има слична култура. Можеби е спорна точка, но треба да имаме стратешки поглед на работите – вели Јанша.
Министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар, од своја страна соопшти дека една од неговите први претстојни посети ќе биде токму во Бугарија во врска со ветото на земјата за почеток на преговорите со Македонија.
Во четвртокот Словенија го презеде шестмесечното ротирачко претседателство со ЕУ од Португалија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.