Од понеделник започнува масовната вакцинација во салата „Борис Трајковски“.

Познатиот Космонаутко наместо со земање на брисеви на терен ќе работи во големиот вакцинален пункт. Тој ќе биде дел од тимот кој ќе ја спроведува имунизацијата.

Овде сум како медицинска сестра и имунизацијата е значајна и треба луѓето да се вакцинираат. Апелирам до сите да се вакцинираат, тоа е единствен начин да се заштитиме себеси и сите блиски. Сите вакцини се безбедни, разликата е само во нивната ефикасност. Повикајте ги пријателите и роднините масовно да се пријавуваат за вакцинација тоа е мојот апел. Сите вакцини се безбедни, вели Денис Јанкуловски од Центар за јавно здравје Скопје.

Вакцинацијата со 20.000 руски вакцини „Спутник“, донација од Србија, се очекува да почне во понеделник  на 48 пункта во СП „Борис Трајковски“.

Планот е дневно да се вакцинираат по 5 илјади лица од МВР, АРМ, медиумски работници, судовите, возачите на автобуси, пожарникарите воспитувачки во градинките и вработените на патарините. Согласно планот, ќе се работи во две смени од 8 до 20 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.