Адвокатката Сања Алексиќ, бранител на Гордана Јанкулоска која вчера беше спроведена во „Идризово” за издржување на затворската казна од четири години, вели дека нејзиното спроведување е надвор од секоја законска процедура.
Таа вели дека штом Јанкулоска ја добила пресудата на Врховниот суд, по 10 минути дошла полиција за да ја спроведе.
Спроведувањето на Јанкулоска во Идризово е надвор од секоја законска процедура. Знам дека ништо нема да се промени со оваа изјава. Но таа мислам дека вчера околу 15 часот ја примила одлуката и по 10 минути се појавила полиција која ѝ кажала дека мора со нив во затворот Идризово. Таа е оневозможена да побара одлагање на казната по било кој друг основ, предвиден со закон. Таа нема примено упатен акт, за да е запознаена со терминот кога треба да се јави доброволно и да се спреми за во затворот Идризово, рече адвокатката Алексиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.