Јани Макрадули, екс заменик-министер за животна средина и просторно планирање е именуван за генерален директор и претседател на Управниот одбор на АД „Пошта на Македонија“.
Информацијата ја потврдија од „Пошта“, но и веќе неговата биографија може да се види на сајтот на претпријатието.
Тој доаѓа на местото на Ејуп Рустеми, кој замина на функцикјата директор на ЈП за државни патишта.
Владата најави продажба на ова јавно претпријатие. Веќе се прават и анализи за тоа дали целосно ќе се продава или ќе се бара инвеститор преку јавно-приватно партнерство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.