Рашковски е само еден дел од мозаикот и тие работи се решаваат ако имаш систем, а тоа го нема кај нас. Афери како Рашковски има секој ден, системот не функционира да се справи затоа што не е поставен да ги решава – рече Дарко Јаневски, новинар и аналитичар на гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа коментирајќи го скандалот со советникот на Зоран Заев, а претходно генерален секретар на Владата коментирајќи ги скандалите поврзани со Рашковски.
Според него 4 години јавноста се занимава каков е Заев, а прашањето е дали ќе биде сменета оваа власт.
Пред некој ден беше и случајот со дрогата, со пасошите. Тоа се работи за кои паѓа цела влада. Но, што ако тоа не го направат. А гледаме дека не се прави ништо – кажа Јаневски.
Оваа влада беше донесена да ги потпише договорите со соседите и ништо повеќе.
Оваа власт и Заев ништо не ги интересира освен лични интереси. Ние имаме и национална катастрофа со корона вирусоот. И тие не се грижат за ништо, системот не функцира – вели Јаневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.