Новинарот и колумнист Дарко Јаневски реагира на апелот да му се аплаудира на министерот за здравство Венко Филипче, потсетувајќи на сите пропусти направени од почетокот на кризата со коронавирусот.

Ќе му плескале на Филипче! Вирусот со големина на слон да беше, ќе му поминеше на граница, докторкана му се расшетувала низ Скопје, турите за 8 Март си врвеа без проблем, а на враќање пополнуваа прашалник, скапана маска нема во државава, наместо да се делат ако треба пред секој меркет, аптекарите немаат маски ни за нив, средства за дезинфекција нема или има по 450 денари, границите отворени… А кризата почна уште во јануари. И тие ќе му плескале. Од друг вирус сте болни вие…, порача Јаневски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.