Додека сега се вртат телефони за да се види зошто почината од струшко не била примена на Инфективното одделение во охридската болница, постои еден друг сериозен проблем со овој случај кој ќе помине незабележано. Имено, жената била во контакт со заразениот лекар од Дебар пред прогласување на кризната состојба на 13 март. Според МЗ, била на гости, што значи, ако можела да патува од своето село во струшко до Дебар, била во релативно добра состојба.

По ова, таа и нејзиниот сопруг се нашле во домашна изолациа. Во ред. Но секогаш има едно „ама“, а во овој случај тоа е дека жената имала хронична белодробна болест. Во соопштението на Министерството не се наведува која е таа хронична болест, но која и да била, кај жена од 66 години, која живее во некое село за кое 90 отсто луѓето во Макеодниај не ни чуле, е доволен податок не за еден црвен аларм, туку за општа узбуна.

Мислите дека во селото некој навистина сериозно ја контролира ситуацијата со изолација? Свесни сте колку луѓе и до денешен ден не ја сфаќаат сериозно ситуацијата?

…Драмата допрва доаѓа. Кога добила симптом, на 24 март, се јавила на матичен лекар и термин за тест за Ковид 19 и бил закажан по два дена, на 26 март. Но, матичниот лекар не направил ништо различно од тоа што му го наложуваат прописите, односно Протоколот на Институтот за јавно здравје кој е испратен до сите матични лекари за постапување.

Прочитајте го внимателно. За лица кои биле во контакт со заразен, за да се упатат на тестирање, се бара да се хронично болни и да изразиле симптом. И внимавајте, дури и во таа ситуација, на тестирање не се оди веднаш и итно со итен прием во болница, туку сето тоа оди преку „мој термин“…

…Бог да ја прости жената! Ама сменете си го Протоколот, тој е човечки продукт, однесете го пациентот во болница, зошто катастрофа е во 2020 година да велиме „Убијте тог Ројтерса“ и да велите дека „до добивањето на резултатите, пациентката не била примена во болница“…

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ НА ДАРКО ЈАНЕВСКИ МОЌЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ НА ДЕНЕШЕН.МК.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.