Министерката за образование и наука, од Владата во оставка со датум за датум, за датум за заминување, воопшто не се вознемирува што учениците во училиштата се смрзнуваат, напиша на својот фејсбук профил Проф. д-р Весна Јаневска.
Нема греење, но таа тоа го решила со блок дотациите и понатаму ништо не ја интересира. Не ја интересира нафтата, ама ни протоколите за Ковид кои на моменталните 5 степени температура и недостаток на нафта предвидуваат отворени прозори.
Полугодието завршува за некој ден, а некои училишта се уште се реновираат, или крововите на веќе реновираните учлишта одеднаш појавуваат дупки низ кои тече вода.
Наставата во некои училишта се одвива онлајн иако сеуште би требало според препораките на МОН да се одвива со физичко присуство.
Иако 13 000 ученици поминале низ здравствените институции поради инфекција со Ковид19 (информација споделена од една реномирана телевизиска куќа), Министерката и натаму убедува дека трансмисија во улилиштата нема и заразата ја објаснува во некакви си дневни минимални проценти за всушност да ја сокрие вистината.
Нема коментар на изјавата на специјалниот претставник во Бугарија дека со промена на учебниците ќе влеземе во ЕУ. Каква промена? За што станува збор?
Наставници собираат пари за дневници.
Директорка од фејсбук астролог бара информација дали ќе добие втор мандат.
Нема заинтересираност за се’ што се случува, ама сепак заинтересираност има за трошење на средства од заемот. Оглас по оглас, за Консултатнт за унапредување на процесот за професионален развој на наставницита, консултанта за информатичка технологија за потребите на ДИЦ, за асистент за информатичка технологија за потребите на ДИЦ, за специјалист за информатичка технологија за потребите на БРО, индивидуален консултант за дизајн на програма за туторство и грант програма за подршка на туторство во основно образование, услуги за прибирање податоци за мерење на квалитетот на наставата во основно образование.
Наставници земете си ја професијата во ваши раце, од никого ништо не чекајте. Имате одговорност, вие одгледувате нови генерации!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.