Од различна партија, но со иста визија. Жени, професорки, центарки.

Професорката Весна Јаневска, претседателка на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, силно верува во успехот на кандидатката за градоначалничка на Центар Наташа Котлар.

За неа вели имаше доблест, имаше храброст кога повеќето луѓе молчеа, да излезе и да го брани своето, да го брани нашето – идентитет, јазикот, името.

Таа е научник, таа е истражувач, луѓето кои го посветиле животот на науката, не можат да бегаат од вистината, вели Јаневска за Котлар, искрено надевајќи се во нејзината победа.

Центар би требало да биде урбаната средина, центарот на центарот, млади луѓе кои студираат, читаат… Се надевам дека ќе преовлада интелектуалната мисла која ќе ѝ дозволи на професорката со сета своја енергија и со искуството да го прмени во градот. Јас нејзие ѝ верувам, оти на научниците им веруваме. Верувам дека во најголем дел ќе го оствари она што го ветува, бидејќи нејзините ветувања не се мегаломански и нереални, коментира Јаневска.

Јаневска ги повикува неопределените и неодлучните центарци да ѝ го дадат својот глас на Котлар за градоначалничка која ќе го промени живеењето во општината.

Ја поддржувам и како професорка, и како жена борец и како научен работник, и длабоко ѝ верувам и ги повикувам сите да се придружат на моето мислење, да ја изгласаат, па дури и ако се несигурни за да видат дека може и поинаку, а таа сигурно ќе покаже дека може поинаку, вели Јаневска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.