Моја пријателка, професорка, носеше група на студентска размена во западно европска земја. Вели дека во струката биле одлични, некогаш нешто послаби, некогаш подобри. При дружењата, слободните активности, екскурзиите и посетите на знаменитостите се воделе најразлични разговори. Домаќините разговарале за глобалната светска политика, домашната политика, најновите бестселери и оскаровци, за социјалата и екологијата. Нашите студенти за диската, ноќниот живот, летниот одмор, видео игри. Политиката не била интересна. Некои студенти сметале дека е срамота да се бавиш со политика.
Да, така ги научија, за да можат лесно да владеат со нив.
Јас пак велам, размислете, за цените на артиклите, за режијата која ја плаќаат вашите родители, за правдата и неправдата, за системот во кој живеете, за можностите кои ги имате. Сепак, политиката е таа која ги одредува овие фактори, кои влијаат на вашиот живот.
Одберете промени и проекти, одберете нова генерација политичари и заедно со нив создадете нова иднина, напиша на Фејсбук, Весна Јаневска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.