Во битката со короната власта го жртвуваше образованието. Фали лидерство. Ние имаме капацитет но, фали добра организација и добра стратегија. Доколку правиме некоја проекција за отворање на училиштата, власта ќе мора и ризиците да ги пресмета. Ако сакаме децата да се вратат во училиштата тие треба да се тестираат, објаснува професорката Весна Јаневска.

 

На влезот на училиштата на сите да им се мери температура, значи дека треба да се ангажира трим. Што ако во текот на наставата некое дете качи температура. Кујната како ќе ја користат, од каде ќе купуваат доручек, од дома ли ќе носат храна и така натаму. Како ќе функционира превозот, односно автобусите. Значи фалат многу, многу елементи за да се отпочне наставата, изјави Јаневска во вечерашната емисија “Што не е јасно” на Алфа телевизија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.