Во Обвинителството за организиран криминал веќе четири часа трае распитот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за случајот „Рекет”.Таа во Обвинителство пристигна изутрината околу 10 часот со службено возило, а беше пречекана од адвокатот Стеван Павлески. Во кустата изјава за новинарите рече дека очекува нејзиниот денешен исказ да помогне да се забрза истрагата за „Рекет”.
– Јас сум се уште специјален обвинител. Моите колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд. Се надевам дека ќе имаме повеќе разрешници оваа есен. Што се однесува до мојата изјава денеска се надевам дека со моите аргументи и мојата изјава ќе ја забрзам изјавата, изјави Јанева.
За случајот „Рекет“ во Обвинителството искази дадоа тројца обвинители од СЈО, Лиле Стефанова, Елизабета Јосифоска и Бурим Рустеми. Вчера на распит беше донесен второосмничениот Зоран Милески – Кичеец, како и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.