Катица Јанева по враќањето од одмор свикала колегиум на обвинителите. На овој состанок, Јанева им се заканила на присутните: „ако не ме браните, ќе пропаднете сите со мене“. Специјалната обвинителка се обидувала да ги убеди дека во случајот „Рекет“ таа е злоупотребена и поради тоа колегите треба да ја поддржат.

Сепак состанокот завршил со расправија кога еден од обвинителите искоментирал дека Јанева ја изневерила довербата на граѓаните со постапките кои ги направила и дека треба да жали поради тоа. Па по оваа изјава Катица им се заканила на обвинителите од СЈО дека сите ќе добијат откази.

-Ако пропаднам јас, ќе пропаднете и вие. Ако треба ќе измислам и работи за вас, рекла Јанева, тврди обвинител за Нова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.