И покрај информациите во јавноста, специјалната обвинителка Катица Јанева сѐ уште не е формално повикана од Јавното обвинителство да даде изјава за случајот Рекет. Се чекаат исказите на други лица, пишува „Дојче веле“.
Утре, прва исказ ќе даде обвинителката Лиле Стефанова, која треба да сведочи што се случувало со предметот „Империја” кој таа го води. Таа во јавноста веќе соопшти одредени детали околу осцилациите со постапките во тој предмет, кои наводно настанале исклучиво со наредби на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Претходно беше објавено дека Јанева ќе даде исказ веднаш по Стефанова. Враќањето од годишен одмор на обвинителката Вилма Русковска во четврток се поврзуваше со повикувањето на Јанева во ОЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.