Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева од вчера е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари откако судија на претходна постапка ѝ одреди притвор од 30 дена. Мајка ѝ на Јанева почина вчера во Гевгелија, а обвинителката Вилма Русковка синоќа изјави дека на Јанева ќе ѝ биде дозовлено да присустува на погребот.

Јанева е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист, кривично дело по член 353 став 3 став 1 од КЗ на РМ.

Судијата по претходна постапка Сеад Реџепагиќ вчера ја донел одлуката за притвор по сите три основи – опасност за повторување на делото, опасност за влијание врз сведоци и опасност за бегство.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески претходно изјави дека имаат докази оти Јанева остварила лична корист од околу 290 илјади денари, така што влијаела врз постапката, овозможувајќи олеснување на позицијата на осомничен во случајот „Империја“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.