Каде се парите, госпоѓо Јанева? Ова е прашањето со кое повеќето новинари утрово пред зградата на ОЈО во Скопје, каде специјалната обвинителка во моментов дава исказ за аферата околу случајот „Рекет“ во Јавното обвинителство за организиран криминал.

Одговор немаше, не само на ова, туку и на сите останати прашања упатени кон Јанева и покрај инсистирањето на новинарите. Во нејзин стил, таа кратко изјави дека таа сѐ уште е специјален јавен обвинител.

Јанева на сослушување во ОЈО влезе заедно со адвокат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.