Катица Јанева повеќе нема да е на трошок на граѓаните, СЈО од први септември нема да ѝ дава плата и да ѝ исплаќа пари за кирија и сметки, објави Канал 5.

Извори од СЈО за Канал 5 потврдуваат дека на специјалната обвинителка која е во притвор и се стопираат државните пари. Имено, таа зема 400 евра државни пари за живот во луксузната куќа во скопската населба Козле.

Со исплаќањето основната плата за месец август, практично завршуваат финаниските обврски на СЈО кон се уште актуелната шефица, велат од СЈО.

Како обвинител кој потекнува надвор од Скопје во изминатиот период имала право на 300 евра кирија и 100 евра трошоци за комуналии. Во случај, киријата на обвинителот да поголема, тогаш сумата си ја доплаќа самиот, велат од обвинителството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.