„Бомбите“ што ги објавува Шеќерим Ахмети кој на социјалната мрежа „Фејсбук“ е познат како „Ел Чека“ наместо од архивата на СЈО може си ги презема од „Ју тјуб“, тие јавно се објавени, вели специјалната обвинителка Катица Јанева, која пред Советот на обвинители даде отчет за тоа што сработила претходните шест месеци.
Тие се јавно објавени, може да си ги презема од ЈуТјуб. Сега што да кажам за тие. Ајде поздрав- изјави специјалната обвинителка.
Минатата недела, Јанева тврдеше оти не може да гарантира дека „бомбите“ што ги објавува „Ел Чека“ не се излезени од СЈО.
Дали може да гарантирате дека не се изнесени од СЈО?
Не, не можам да гарантирам, тоа се уште се истражува – изјави Јанева.
Од обвинителството, по нејзината изјава ја правдаа шефицата – бомбите биле на сигурно, а Јанева била „различно протолкувана“.
Ја уверуваме јавноста дека сите аудио материјали со кои располага ова Јавно обвинителство се чуваат под строго пропишани безбедносни процедури кои опфаќаат физичка, административна и информатичка безбедност на информациите- рекоа од СЈО.
„Ел Чека“ пред неколку недели почна да објавува прислушувани разговори на „Фејсбук“. Најголем дел од „бомбите“ се однесуваат за ДУИ и најтесното партиско раководство, соопштија од СЈО.
„Ел Чека“ пред неколку недели почна да објавува прислушувани разговори на „Фејсбук“. Најголем дел од „бомбите“ се однесуваат за ДУИ и најтесното партиско раководство.
Според Јанева, во однос на досега сработеното на СЈО, членовите на советот на обвинители, кои не се интересирале за активните истраги, биле задоволни од нејзината работа, и взаемно заклучиле оти законот за обвинителство со кој се решава и идниот статус на СЈО треба да се донесе час поскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.