Обвинителката Лиле Стефанова објасни дека тогаш специјалната обвинителка Катица Јанева барала од неа да потпише налог според кој дел од обвинетите од случајот „Империја“, наместо во притвор да заминат во домашен притвор.
Стафанова со тоа не се согласувала и поради тоа Јанева ги собрала сите обвинители на состанок. Таму им рекла дека Орце Камчев, но и Сашо Мијалков, Миле Јанакиески и Кире Божиновски треба да заминат во домашен притвор.
Тие нема да бегаат. Ова е важно и за донесување на законот за Јавно обвинителство, ѝ рекла Јанева на Стефанова.
По неколку денови Стефанова ги пуштила налозите и обвинетите биле пуштени во домашен притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.