„Огромна трагедија која не потресе“. Вака премиерот на Бугарија, Стефан Јанев ја опиша несреќата со автобус на автопатот Струма, во кој загинаа 46 лица.
Имаме огромна трагедија. Немаме ништо добро да кажеме. Ова е трагедија која не потресе и побара државата брзо да реагира. Најпрво да се истражат причините за смртта на 46 лица и каква грижа се води за преживеаните, рече Јанев по пристигнувањето на местото на несреќата.
Тој додава дека се надева од ова ќе се извлечат поуки и ќе се спречат вакви инциденти.
Во тек е истрага, додаде Јанев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.