Ако сакате да изградите земја во која нејзините синови и ќерки ќе се вратат, ако сакате да изградите земја што тие ќе ја напуштаат само во сезоната на празници, ако сакате да изградите земја во која нема страв од иднината, тогаш направете само три чекори, порача Јане Ченто преку страницата на „Фејсбук“.

– Изедначете ја корупцијата со предавство и корумпираните службеници со предавници до седмо поколение.

– Направете ги трите професии најдобро платени и почитувани – доктори, наставници и војска.

– Владеење на правото – судии и обвинители кои ќе се водат по словото на законот без разлика за кого станува збор.

#МакедонскаРеволуција, напиша Ченто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.