Oва е еден од судските процеси кои ќе останат запаметени во историјата на Македонија. Дали ќе биде запаметен како триумф на правдата или пак ќе биде уште еден судски процес од оние кои вообичаено ги даваме како примери кога опишуваме во каква земја не сакаме да живееме, зависи исклучиво од Вас ценети членови на Судечкиот совет.

Верувам во правдата, верувам во вас и вашата стручност и искуство да ја препознаете правдата и да донесете правична одлука, истакна на почетокот на завршниот збор за настаните од „27 април“ Миле Јанакиески.

Јас, за овој немил настан кој никогаш не смее да се повтори, пред Бога, пред себеси и пред семејството сум чист, ќе потенцирам, дека со ништо, ама со ништо немам придонесено да се случат немилите настани од 27 април“-рече Јанакиески.

Тој потсети дека истрагата по овој предмет била завршена без да му се овозможи правото на исказ, да поднесе докази, а и не му биле доставени сите докази кои Обвинителството ги прибрало во текот на истрагата.

Да се запрашаме дали со вака конструиран обвинителен акт на само 2 и пол страници, оскудна листа на докази која во 90% е препишана од првата пресуда за 27.4, во оваа држава може да се чекори по патот на правдата за да се стигне до вистинската цел? А целта е правда. Правдата ја посакувам јас, целокупната македонска, но и меѓународна јавност-додаде Јанакиески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.