Како може да направиш план со лица кои воопшто не ги познаваш, праша пред судот Миле Јанакиески за обвинувањата дека имал план за собраниските случувања од 27 април.
Тој истакна дека лицето Никола Бошковски воопшто не го познава и оти не постои ниту еден запис од неговиот телефон за контакт со тоа лице Никола ниту од нелегално прислушкуваните разговори од 2008 година, ниту пак од доказите кои ги достави Обвинителството за критичниот период. Како изгледал Бошковски, Јанакиески видел од телевизија.
-Со Трајко Вељановски не сум имал никаква комуникација во текот на 2017г. а тоа се потврдува и со доказите на обвинителството содржани во доказ 27. Одговорно тврдам дека немам комуникација со Вељановски од моментот кога си дадов оставка од позицијата министер во мај 2015 година. Како може со некого да сум правел и кординирал план ако во критичниот период февруариаприл 2017 година од неговите 30.000 изведени пораки ниту една не е со мене. Ниту една-уверува Јанакиески
Со Спиро Ристовски имале комуникација додека биле министри а откако си дал оставка од позицијата министер во мај 2015 година контактите биле сосема ретки, на случајни средби но во никој сличај за настаните за кои биле обвинети.
Исто така, и покрај тоа што постои детална анализа од комуникацијата помеѓу мене и Спиро Ристовски, за критичниот период се потврди дека не постои никаков разговор-доказ меѓу нас за некаков наводен план, а најмалку за дејствието што ми се става на товар. Се докажа дека јас и Ристовски на денот на настанот – 27 април сме немале никаква комуникација.
Со Владимир Атанасовски пак сум немал никаква комуникација-вели обвинетиот Јанакиески.
Со Никола Груевски, вели Јанакиески никогаш, ама баш никогаш не сме зборувале за некаков план за настаните .Исто така не постои запис, ниту беше изведен доказ во оваа постапка дека со Груевски сум правел план. Не постои доказ ниту дека сум контактирал со него на 27 април 2017 година. Во периодот од 22.4 до 1.5.2017 година период за кој обвинителството има обезбедено листинзи од мојата комуникација јас имам разменето единствено 1 смс порака која што Груевски ја праќа до мене-објасни Јанакиески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.