Ново обвинение против поранешниот министер за транстпорт и врски Миле Јанакиески, обвинет во скоро сите предмети покренати од СЈО. Овојпат, на обвинителната клупа покрај него ќе се најде и Игор Јанушев, поранешен директор на ЈСП и уште две лица за набавката на двокатните автобуси.

Миле Јанакиески, кој денеска во судот даваше завршни зборови за случајот 27 април, во кој на терет му се става организација на упадот во Собранието посочи дека новото обвинение е честитка од Обвинителството и демонтрација на сила.

Тој вели дека за овој случај истрагата се води и оти воопшто не е случајно што се покренува на денот кога се завршните зборови за случајот 27 април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.