Миле Јанакиески не може да ги следи сите рочишта во кои е обвинет. Денеска во 10 часот започна судење во предметот ТНТ каде сведочеше бизнисменот Фијат Цановски. Рочиштето е сè уште во тек, но во 12:30 часот Јанакиески треба да се појави на рочиштето за предметот за настаните на „27 април”. Таму треба да сведочат неколкумина пратеници меѓу кои и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Но, судијата во ТНТ побара Јанакиески во 13:30 да се врати на судењето за овој случај.

Очигледно е дека и покрај писмото на адвокатите, Кривичниот совет го засилува темпото на судења врз обвинетиот Јанакиески.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.