Интервјуто на Заев е само шлаг на тортата, тој цело време се однесува скандалазно, не можам да слушнам ниту една и да кажам дека се чувтсвувам сигурен. И граѓаните го мислат истото, рече Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ, во вечерашната „Само интервју“.
Според него сите народи, сите држави кои влегоа во Европа влегоа со радост, а кај нас е поинаку.
Ние кога треба да бидеме највисоко, ние излегуваме најпонижени. Како не сме загрозени по вакви барања од Бугарија, а кои Заев ги задоволува. Следев преку 30 бугарски дебати последниве десеттина дена, таму целото општество има консензус околу ставот на официјална Софија, сите се на ист став, ретко некој да каже треба поинаку да се однесуваме со соседите, рече Јакимовски.
Тој укажа дека Македонија е загрозена од Бугарија, а тоа е така затоа што ветувал нешто Заев.
Бугарија бара во нашиот Устав да влезе бугарско малцинство, а ние да се откажеме од македонското малцинство во Бугарија. Но, Заев од друга страна на нив им ветувал дека ќе им даде да купуваат и капитални институции. Тие барале и добиле ветување дека ќе им се даде да купат банка, да го купат телекомот… и слично, посочи Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.