Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во гостување за Инфомакс го коментира срамното интервју на премиерот Зоран Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС.

Јакимовски е убеден дека Зоран Заев земал пари за ова што и го прави на Македонија и поради тоа имаме ситуација во која уценет човек преговара за македонскиот идентитет.

Аз не трсам ништо што не ми е обештано и за тоа сам дал пари. И сега тоа значи имало договор надвор од потпишаниот договор. Па нели ни е јасно дека овој човек е уценет, тоа е класичен симптом на уценет човек. Тие од страна притискаат, што и да даде не прифаќаат, навредуваат, а тој цело време понизно се однесува кон нив. И она срамно увлакачко, да се срамиш интервју што го даде за бугарската телевизија. И на крајот да прашам кој му барал ова да го каже? Кој го бара од него тоа понижување? Можеш ли така да се понижуваш ако не си зел пари – прашува Јакимовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.