-Што е проблемот ако пописот го одложиме за два месеци кога ќе биде потопло. Кога ќе се примаат попишувачите да може да се седи на терасите, во дворовите и сето тоа да биде побезбедно. Втората работа која е битна тоа е врзаниот потпис. Со тоа буквално ја правиме државата бинационална. Значи ние полека, полека се правиме со тој врзан потпис и доколку една етничка заедница не е задоволна со резултатите – нема да ги потпише. Следната работа е фингер принтот, односно пописот да биде со отисок на прст. Ако веќе ги набавуваме за локалните избори во октомври, што е проблем да се набават неколку месеци порано. Тоа ќе значи да нема никаков сомнеж и сите ние и граѓаните и политичките партии да застанеме позади пописот, истакна Стевче Јакимовски претседателот на ГРОМ во вечерашната “24 Анализа” на Телевизија 24.

Тој смета дека дури и сите партии да повикаат на попис, граѓаните ќе го бојкотираат ако постои сомнеж кај нив. Во разговор со пријатели од десет луѓе на пример, двајца експлицитно велат дека нема да се попишуваат.

-И затоа го подржувам Трајанов дека треба сериозно да седнеме и да корегираме тоа што може да се корегира. Да застанеме сите зад пописот ако сакаме да имаме успешни резултати. Никој никому не треба да покажува мускули, затоа што тоа на сите ќе ни се удри од глава. Гледате дека народот кога не може да се спротистави тој се повлекува. Тоа го покажа и на референдумот, дециден е Јакимовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.