Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во гостувањето во „Само Вистина” на „Канал 5” телевизија истакна дека земјава го има научено процесот пред одржување на меѓувладината конференција. 

Како што и претходно најавив, пред Самитот, ќе доаѓаат овие од странство и ќе кажуваат дека треба да бидеме дел од Европска унија, дека Западниот Балкан треба да се интегрира, но тоа се приказни за мали деца. До 15 септември сега повторно ќе ги нема и од 20 септември ќе кажуваат колку сме битни за Европа и пак ќе пројде новата меѓувладина конференција. Сега Макрон кажува дека треба да бидеме дел од Европската унија, а пред две години не блокира, вели Јакимовски.

Јакимовски истакна дека единствениот вистински притисок врз ЕУ за членство на земјава во Унијата е Стејт департментот.

Јас мислам дека овој момент единствено вистински што притиска е Стејт департментот, се останато е лицемерие. Овој притисток не е доволен. Ние сме лош пример за регионот, за проблемот со Косово, за решавање на прашањето во Босна, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.