Лидерот на Гром, Стевче Јакимовски, при гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Тв Алфа зборуваше за се што се случува во државата од страна на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев.
Јакимовски најпрво зборуваше за последната информација која излезе во јавноста дека на граничниот премин Деве Баир, премиерот Заев лично ургирал да поминат четири автомобили, што според Јакимовски, може да значи само дека станува збор за тоа дека се пренесувало нешто недозволиво.
Не знам зошто треба премиер да се јави на граница, кога сега нема гужви, освен ако не шверцуваат нешто со нив, зошто би требало да се јави. Застануваш на пасошка контрола и тоа не е работа повеќе од 2-3 минути, освен ако тие со нив не носеле нешто недозволиво. И навистина мене не ме чуди да се јавува Заев за такви работи, но да се годишни одмори, да е оној период кога се оди на скиејање, пак, некако да имаме разбирање. Сега апсолутно границата е мирна, зошто би требало да се јави премиерот единствено ако ти не носеле нешто недозволиво. Најверојатно Заев не се занимава со битните, крупни работи. Тоа зависи од капацитетот на човекот, дали ќе се бавиш со глобална политика, со државна политика или ќе се занимавш со Деве Баир границата кој проаѓал и кој требалоло да помине, дали пријател, дали непријател, дали шверцер и така натаму – изјави Јакимовски.
Јакимовски зборуваше и за последните информации поврзани со следење на процесот на вакцинација при што, Македонија на Блумберг листата од 122 држави се наоѓа на 118 место.
Ние се навикнавме се над 110 место да бидеме, не постои нешто за кое ние сме под 110. Ако е по квалитет на армијата сме 129, ако сме по корупција 111, ако сме по ниво на Дуинг бизнис порано бевме меѓу првите 3 од 50, сега не нема ни во тие 50. Ова се сериозни работи и за овие сериозни работи потребни се сериозни луѓе. Ова не е едноставна работа кога се води држава, таа е комплексна работа и очигледно ако се нема капацитет сето тоа се менаџира и мора да има еден кој тоа го раководи, но во исто време ние гледаме дека ниту министертсво финкцинионира, ниту министри, круна на се е тоа премиерот и Владата – додаде Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.