Опозицијата на парламентарните избори доби само двајца пратеници помалку и не може да не се слуша за вака важна операција како пописот. Зошто толку се брза со попис да се одржи на први април, ние немавме попис 19 години, што е сега толку важно да бидат сега може на 10 октомври, може следниот април – рече лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски на гостувањето на телевизија канал 5 во емисијата Само вистина.
Според него за пописот мора да има консензус за да биде релевантен.
Тоа се важни податоци по кои се креираат политики во многу области. И за тоа каков попис треба требаше да се разговара пред шест месеци и да има договор, а не вака да тера власта. Не може попис да се тера на сила – рече Јакимовски.
Јакимовски рече дека точно мора да се направи пресек кои граѓани се во земјава, а кои се државјани и не живеат тука.
Има многу студенти, се студира надвор и тие може да се вратат, а треба да се прави разлика и кој е надвор и таму е етаблиран, надвор има живот и тие се само државјани – рече Јакимовски.
Тој потсети дека мора да се знае кои се жители тука затоа што во Македонија секој може да стане пратеник, функционер.
Токму затоа мора да знаеме кој е жител на Македонија, а кој е само државјанин- рече Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.