Лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски на прес-конференција во Скопје ја прогласи својата победа. По 4 години пауза, Јакимовски се враќа на чело на скопската општина Карпош.

Стевчо Јакимовски, поранешниот трократен градоначалник на Карпош, прогласи победа во оваа општина против Душко Весковски од СДСМ. Јакимовски се враќа на градоначалничката позиција по пауза од четири години на местото на Стефан Богоев.

„Испишавме историја, победа на граѓаните на Карпош. од самиот старт знаев дека ќе дојдам до оваа ситуација, бев сигурен дека ќе победиме. Знам дека во наредниот период ќе ги коригираме грешките и ќе работиме уште попосветено и поорганизирано.

Ќе има цвеќиња по Партизанслка, ќе се спортува, ќе се пее. Чувствувам задоволство, но никако триумфализам. Нема да има реваншизми, од Карпош ќе се слушаат само дорби работи за напредок“, рече претседателот на ГРОМ кој во вториот лкруг од локалните избори имаше поддршка од опозицијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.