Не може Захариева да бара што сака, што ќе и падне на памет, Џамбаски денес пишува дека ВМРО било бугаро-македонска револуционерна организација, он си кажува него што му одговара. Дополнително, не може да се прифати дека Македонци има од 1944 година, а претходно што сме имале заедничка историја. Како тоа?! Значи и ние сме биле фашисти, како да прифатиме заедничка историја кога вие сте биле на друга страна – рече лидерот на Стевче Јакимовски, лидер на ГРОМ на гостувањето на телевизија канал 5 во емисијата Само вистина.
Ова беше коментар на Јакимовски во контекст на ставот на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски напишан на став на Фејсбук кај премиерот Зоран Заев во кој Џамбаски пишува „македонската“ револуционерна организација е бугарска, според првиот Устав името на револуционерната организација е Бугарско македонско-одрински револуционерни комитети“, како и дека Гоце Делчев, роден во бугарско семејство, во бугарскиот град Кукуш сам себеси се определил како бугарски учител, бугарски офицер“, на што Заев не одговoри, но лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веднаш му објасни и застана во одбрана интересите на Македонија.
Според Јакимовски Македонија треба да се застане помашки, а ЕУ и САД да си го решат тоа прашање.
Овој народ доста се повлекуваше. Недозволиво е да се допушта се што се бара еве сега Бугарија. За мојата историја нема што да разговарам. Ние не ја толкуваме нивната историја – рече Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.