„Во изминатиов временски период имаше многу погрешни политики, ова е круна во континуитет, значи немавме интервали туку еден континуитет од грешка во грешка се влегуваше со погрешни политики, се влегуваше со афери, се влегуваше со нерасчистени афери. Вие гледате, за мене неразјаснети причини ми се како за министерот за здравство не се прифати неговата оставка, запазете 14 живи лица кремиравме, живи. Замислете го оној дечко кој што го слушал татко му и брат му како врискале и како пламенот им ги голтал телата и затоа никој во државата не сносеше одговорност“, истакна Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош и претседател на политичката партија ГРОМ при своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија коментирајќи за лошите политики на владата на Заев.

Јакимовски додаде дека секоја нормална влада за немилата случка што се случи во Тетово цела ќе си поднесеше оставка.

„Се влегуваше значи од една афера во друга афера, од една грешка во друга грешка. Од една политичка грешка се оди во друга грешка, а од друга страна тоа не е пратено со економски резултати туку со економски порази. Вие не гледате инфраструктурни проекти, вие не гледате ништо, еве автопатот за Охрид, уште ќе велите дека е промашена трасата. Го гледате дека рехабитализација на патот Куманово – Крива Паланка четири години се прави, Ранковце – Крива Паланка исто така. Значи има многу патишта кои што се почнати, но незавршени. Можно ли е пет години тие патишта да не се завршат. Згора на тоа економскиот стандард опаѓа кај граѓаните, а цените секој ден се повеќе се качуваат. Сиромаштијата граѓаните ги јаде секојдневно. Вие гледате дека 1.000 денари веќе не претставува ништо, не е банкнота, таа денес е како 100 денари. А, што ќе кажат пензионерите со 12,13,15.000 денари пензија“, запраша Јакимовски.

Јакимовски посочи дека државата се повеќе тоне во долгови, сега Македонија ја туркаат во нови 600 милиони задолжување, нов буџетски дефицит. Секоја година владата на Заев Македонија ја задолжува за повеќе од половина милијарда. И од овие силни долгови од околу 2 милијарди што граѓаните добија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.