Одлично ми е искуството со Христијан Мицкоски, честопати разменуваме мислење, отприлика еднаш во месецот ќе се сретнеме да поразговараме на одредени теми и сега додека е на боледување во болница бевме во постојана комуникација, нормално мојата грижа е како се чувствува, затоа што јас кога сум бил во одредени тешкотии тој се интересирал и за моето здравје и за состојбата во која што сум се наоѓал, што значи дека имаме извонредна комуникација и човечки, пријателски и политички врски, истакна Стевче Јакимовски, лидерот на ГРОМ на гостување во утринска радиоемисија.
Јакимовски вели дека Мицкоски арно е што е жив, затоа што кој се веќе не го напаѓа и под удар е на секого дури на странските служби.
-Од внатре во партијата тие што се расцепени го напаѓаат, од СДСМ го напаѓаат, пи-арот нивни го напаѓа, беше под страшен удар за промена на името, под удар на Обвинителството, на судството, на СЈО, на странските амбасади, под удар на медиумите, да не кажам под удар и на странските служби, што мислите во оваа држава нема бугарски служби коишто работат, нема грчки служби, за чиј интереси работат тие, на крај е ова заврши со 12.000 гласови украдени од СДСМ, значи сите тие на купче, а Мицкоски сам, посочи Јакимовски.
Тој вели исто така дека можеби многу луѓе се навикнати ВМРО-ДПМНЕ дека е „букачка“ партија, односно да прави галама, да прави бука, да прави протести, но Јакимовски вели дека тој во Мицкоски препознава „Гандиевски“ начин на делување.
-Пред неколку години зборуваа за реформирано ВМРО-ДПМНЕ, па по реформирано ВМРО од ова здравје, и ако го споредувате Мицкоски со премиерот, Заев секој прави по некој гаф, а извадете ми некој гаф на Мицкоски, иако е многу малку време во високата политика, истакна Јакимовски.
Јакимовски посочи исто така дека на Македонија и се потребни такви млади надежни, образовани и посветени луѓе да ја водат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.