Бугарите ги даваат државјанствата на Македонци за да ги притиснат тие луѓе за да кажуваат дека се Бугари, а потоа да следат и други претензии од Бугарија кон Македонија, рече Стевче Јакимовски, претседател на ГРОМ на гостувањето во емисјата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

Според Јакимовски, обидот на Бугарија е само да фалсификуваат историја.

„Нивната историја е смешна. Каква е таа нивна историја генералот Михајло Апостолски кој им даде клоца после дојдоа да се поклонат ои да се стават под негова команда. За каква историја зборуваат тие“, рече Јакимовски.

Тој укажа дека сега немаат методи како да влијаат и да прават притисоци, но тоа не значи дека треба ние да спиеме.

„Очигледно е дека во земјава имаме купени луѓе од Бугарија, тоа се луѓе кои земале пари за да го работат ова што го работат“, рече Јакимовски коментирајќи ги меѓудругото и ставовите на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.