Додека други влади во регионот градат најсовремени ковид центри, нашата Влада ја дефокусира јавноста обидувајќи се да ја покрие неспособноста да се справи со корона кризата, вели лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимоски, во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Јакимовски како пример ја дава Србија која успеа за само 4 месеци да изгради ковид центри со над 750 легла и најсовремена опрема .

Србија за четири месеци изради два Ковид центри со 750 легла, со најсовремена опрема, но таму претседателот е секој ден на медиумите и зборува за Ковидот, а кај нас гледаме како Ковидот и смртните случаеви ги покриваат со договорот со Бугарија, па го преокупираа народот со проблемите со Бугарија, а мртовците не ги рачунаме, сега најдоа нова тема тоа е реформата во образованието односно маргинализирање на историјата, цело време си наоѓаат некои политички теми за да се спасат и бегаат од вистинската тема, а повистинска тема од тоа да се спасат човечки животи нема – вели Јакимовски.

Тој вели дека според негово мислење има застој во здравствената заштита за лечење на Ковид и тој застој е некаде помеѓу матичните доктори и кога лицето ќе премине во терцијалната заштита кога веќе е предоцна, некаде работата се греши, а не може да се вели дека само нардоот е крив. Не чини здравствениот систем, а оваа Влада не може да се справи со пандемијата.

За последната вест дека Владата наводно со јавна набавка обезбедила тестирање за владини функционери, Јакимовски вели дека нардоот веќе ништо не го изненадува затоа што се изнаслушавме апсурди и небулози и ваквите работи дури веќе се прифаќаат како нормални.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.