Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, при гостување во Алфа телевизија искажа бројни критики кон работата на Владата.
Јакимовски јавно праша ако во Собранието на гласање можело да влезе договорот со Макпетрол, зошто не можеше да се гласа за набавката на вакцините.
Еве јавно да прашам ако можеше договорот со Макпретрол да го ставите на гласање во парламентот, што мислите набавка на вакцини со кого сакате од светот да ги набавите и ако ги ставате на гласање во парламентот, има ли пратеник што тоа нема да го изгласа, зошто тоа не го ставивте во парламентот – праша Јакимовски.
Тој ја критикуваше Владата дека не му одговорила на рускиот амбасадор за набавка на руската вакцина, како и дека не направила измени за тие набавки да се вршат како што треба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.