Кандидатот за градоначалник на општина Пласница од ДУИ, Алија Јахоски, прогласи победа и порача дека ќе биде градоначалник на сите граѓани.

Функцијата ќе ја извршувам чесно и ќе продолжам каде што застана претходниот градоначални. Благодарам на сите што гласаа, но и на тие што не гласаа, јас ќе бидам градоначалник на сите, ќе работам 24 часа во општина Пласница. Иако овде е доста направено, ќе продолжам општината да ја правам поубаво место за живеење на сите граѓани, рече Јахоски, инаку брат на претходниот градоначалник на оваа општина, Исмаил Јахоски кој беше избран за пратеник во Собранието.

Тој додаде дека приоритет во неговиот мандат ќе биде подобрувањето на инфраструктурата и вработувањето, со цел да се спречи иселувањето од општината.

И покрај победничката атмосфера на членовите и симпатизерите на ДУИ во Пласница, прослава вечерва нема да има бидејќи неодамна починал таткото браќата Јахоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.