Петто продолжение од рекетарската приказна на новинарот Бранко Героски: На Коки, Кики, Фрики и компанија црно им се пишува – се бараат докази за рекетот!.
Ви пренесуваме извадок.
Дознавам дека јавен обвинител веќе сериозно работи на расветлување на рекетот за кој бруи цела Македонија. Прашање на ден е кога некоја од жртвите ќе проговори. Каде што треба, нормално. Патем речено, ако мислевте дека рекетарската група ќе запре поради моите написи, сте се излажале.
Неофицијално слушам дека тие деновиве рекетирале уште една, овој пат скопска фирма. Не ми се познати детаљи и не знам дали успеале.
Имено, иако Коки се фали дека неговиот медиум е водечки, факт е дека во 2018 година тој остварил вкупни приходи од само 39,2 милиони денари (десет пати помалку од телевизијата Сител, на пример), а остварениот профит е само 1,8 милиони денари. Чудно, многу чудно – еден наш неделник, на пример, остварил профит од 6,7 милиони денари. Неколку наши портали остваруваат вакви профити. За телевизиите муабет да не правам.Човек не може да не се запраша: каде се приходите од оние силни реклами, каде е да се појават на приходната страна на медиумот и конечно да резултираат со легален профит, што потоа ќе се оданочи, па газда Коки (или кој и да е формален газда во негово име, што е прекршок само по себе) да си плати данок, да си земе дивиденда и да си ги троши парите со здравје и радост. За ботокси, за филери, за скапи чевли и кошули, за одмори во хотели во кое едно ноќевање, повторувам, чини 3.500 евра.
На втората трага го упатувам лично премиерот Зоран Заев. Знам, тој не е ни полицаец, ни инспектор на УЈП, ни обвинител, ни судија. Но, тој е лидер на владејачка партија, а газда Коки е човек со кого блискоста и дружењето е голем репутациски ризик. Реков веќе, човекот нема трансакциска сметка (значи, нема пари од легални трансакции, бидејќи не смее да отвори сметка, зашто должи пари), има долгови ваму и таму, има неразјаснети приходи, под сериозни сомневања е дека е класичен рекетар (во посед наводно има и „бомби“), а згора на сѐ, човекот, како што веќе ви раскажував, е една огромна машина за трошење пари. Значи, јадна е таа партија чии врвни личности се дружат со тој човек и работат на некакви заеднички „проекти“.
Е сега, можеби Заев не ми верува дека во неговата партија има ликови како Кики, Фрики, Мики и слични на нив, како и една позната личност од правосудството, кои се исклучително блиски со ботоксираниов. Ако не ми верува, може да провери. Ако му речам, на пример, дека пред некој ден ми се јави една личност од неговата партија во која тој имаше голема доверба, да ме замоли да демантирам дека баш тој е Кики, Заев не мора да ми верува. И не барам да ми верува. Барам да си провери, бидејќи крајно време му е – ако може! – и тој и неговата партија да се отргнат од оваа рекетарска група.
Целата приказна на Плусинфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.