Основниот граѓански суд Скопје согласно мерките и препораките од Владата за превенција од ширење на коронавирусот ќе работи само по итни предмети за примена на времени мерки, спорови за објавување на исправка на објавена информација, вонпарнични и извршни предмети во врска со воспитување и заштита на децата и обврски по предметите за издршка што произлегуваат од закон, регистрации на политички партии, вонпарнични предмети за задржување на лица во здравствена установа, попис на имотот на оставителот, составување на тестаменти, прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови.

-Согласно заклучоците на Владата на Република Македонија, во врска со спроведување на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста КОВИД -19 (коронавирус), препораките на Министерство за здравство, барањето за воведување на мерки на претпазливост и заштита од корона вирусот во правосудниот систем од Адвокатска комора на РСМ под бр.03-281 од 15.03.2020 година, Заклучокот на Управниот одбор на Здружението на судиите на РСМ донесен на XXXVI седница одржана на 16.03.2020 година, како и одлуката за постапување на судовите во Република Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19, донесена од Судскиот совет на Република Македонија под бр.02-606/1 од 17.03.2020 година, Основен граѓански суд Скопје ВЕ ИЗВЕСТУВА дека сметано од 17.03.2020 година, до следно известување, СЕ ОДЛОЖУВААТ закажаните рочишта по предметите на Основен граѓански суд Скопје, со исклучок на рочиштата и дејствијата по предмети за примена на времени мерки; спорови за објавување на исправка на објавена информација; вонпарнични и извршни предмети во врска со воспитување и заштита на децата и обврски по предметите за издршка што произлегуваат од закон, регистрации на политички партии, вонпарнични предмети за задржување на лица во здравствена установа; попис на имотот на оставителот, составување на тестаменти, прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови, кои се сметаат за итни во смисла на чл.72 ст.2 од Законот за судовите, се наведува во соопштението од Судот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.