Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес конференција порача дека денеска ќе ја потсетат Антикорупциската комисија на неколку случаеви и ќе апелираат за дополнително отворање на истите и нивни истраги, за се со цел да се дознае вистината и нивните разрешници.

Ние ги поддржуваме и охрабруваме антикорупционерите, целата Антикорупциска комисија да стават крај на корупцијата во нашата држава, но и во Владата и буквално да бидат прочешлани сите политички чинители во Република Македонија, за конечно во Република Македонија да се стави рез и во иднина да може да се почне од почеток. Јавноста и граѓаните освен паушални одговори изминатиот период од Владата и нивните функционери, се уште немаат вистински одговор и не ја знаат целосната вистина за следниве неколку случаеви кои што ќе ги споменам денеска.

Зоран Заев е аболициран за криминал вреден 8 милиони евра за случајот „Глобал“ и се уште јавноста нема одговор со што и колку се стекнаа тој и неговите бизнис партнери кои што беа аболицирани од случајот „Глобал“ каде што е фатен жив во криминал и подоцна како што знаеме сите аболициран.

Граѓаните се уште чекаат разрешница на случајот „Цареви Кули“, случај кој што го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, каде што Заев практично се потврди дека е виновен преку пресудата на тужбата кон медиумите, која што ја имаше поднесено кои обелоденија за истиот случај. Криминал исто така вреден неколку милиони евра.

Граѓаните се уште чекаат разрешница за случајот со земјиштето во старата касарна во Струмица каде што бизнис партнерот на Зоран Заев и брат му Вице Заев, Сашо Брндевски, купува земјиште од над 18.000 квадрати за сума од 700.000 евра во време кога Зоран Заев е градоначалник и истото го продава на неговиот брат Вице Заев и фирмата Тотал Инженеринг, братот на Зоран Заев, Вице Заев го купува односно го презема истото земјиште за само стан од 40-тина квадрати кои што му го дава за замена на Сашо Брндевски. Станот има вредност од само 30-тина илјади евра. Замислете земјиште од 700.000 евра го добива за стан од 30.000 евра, истакна Арсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.