Со денови Собранието работеше до утриниските часови со цел да се изгласа законот со кој владата треба да му додели на „Макпетрол“ АД 33 милиони евра.
Ако се знае дека сопственикот на „Макпетрол“ е истиот сопственик и на националната телевизија „Телма“, опозицијата обвинува дека премиерот Заев сака по секоја цена да се донесе ваквиот закон со цел да ја контролира „Телма“.
Последната пленарна седница за овој закон кој пратениците на опозицијата го спречија да се донесе, траеше се до утринските часови односно до 8 часот наутро.
Пленарната седница за криминално-рекетарската влада на Заев и СДССМ со „закон” да му исплатат 33 милиони евра на Макпетрол (Телма) се уште во тек … повеќе од 20 часа непрекинато! А, ви кажав – се лажете дека може на „кондиција да не фатите!“, напиша тогаш пред крајот на седницата пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Пратеникот Дејанчо Ефтимов, исто така од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање на собраниската дебата за Предлог законот за решавање на спорот меѓу Владата и „Макпертол“ по пат на спогодба во скратена постапка рече дека многу е јасно дека Владата треба да го потпише законот кога веќе одлучила дека треба таков договор.
Јасно е дека Владата кога донела одлука истата треба и да ја спроведе. Зошто Заев се крие зад Собранието. Очигледно знае дека ова е скандалозен договор, има за тоа и докази, рече Ефтимов.
Според пратеникот Ефтимов едно е јасно дека ова законско решение на Владата за договор со „Макпетрол“ ќе биде ништовно.
Законот ќе биде ништовен, а и спогодбата. До кога Заев кога прави матни зделки ќе се крие како на пример сега зад Собранието и пратениците. Тоа е срамота, надлежната институција државниот правобранител јасно укажал дека нема простор за ваков договор меѓу Владата и „Макпетрол“ зошто е штетен за државата, секако и за граѓаните, рече Ефтимов.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ пред некој ден обвини дека Заев склучува прецент договор со Макпетрол, и дека интересот освен финансиски е и политички, а тоа е добивање на наклонетост на медиум за покривање на владините политики.
Прво, нема потреба ако Зоран Заев ветил дека ќе го купува делот од Гасоводот тоа да дојде во парламентот и да добие легитимитет од парламентот. Тоа може да го направи Владата, единствен ваков договор беше оној со ОКТА и знаеме како скандалозно заврши, рече Мицкоски.
Тој укажа дека минатата година во завршната сметка на Буџетот книжеа средства дека се префрлени на Национални енергетски ресурси кои ги калкулираа како капитална инвестиција во висина од околу две милијарди денари.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски заклучи дека договорот со Макпетрол е прецент, а интересот освен финансиски е и политички, добивање на наклонетост на медиум за покривање на владините политики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.