Должниците можат да здивнат, но за кратко. Извршителите наместо од денеска, се враќаат од 23 овој месец.
Поради корона-кризата во април со владина уредба со законска сила сите извршувања, освен присилната наплатата на издршка, односно алиментација беа сопрени до крајот на минатито месец. Но, како што појаснува за весникот ВЕЧЕР претседателот на Комората на извршители, Зоран Димов, оваа уредба е меѓу оние за кои Уставниот суд се изјасни дека можат да продолжат и по укинувањето на вонредната состојба, па Владата ја продолжи до 23 јули, пишува „Вечер прес“.
Дотогаш извршителите нема да можат да блокираат и да наплатуваат од претходно блокираните сметки на граѓаните и на фирмите и да запленуваат имот. Дотука должниците можат да бидат спокојни. Понатаму, враќањето на извршителите по 23 овој месец ќе ги „закачи“ и оние кои останале должни во периодот кога наплатата мирувала. Според Уредбата, во изминатите три месеци, извршителите примаа барања за извршување од доверители, но смееја само да ги евидентираат. Исто така, можеа и да изготвуваат налози за извршување врз недвижност, кои со електронска достава се предбележуваа во јавната книга, како и налози за забрана за располагање и оптоварување на хартии од вредност, кои електронски ги доставуваа до Депозитарот за хартии од вредност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.