Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, го означи почетокот на реконструкцијата на булеварот „Македонски просветители“, кој води директно кон центарот на градот, однонсо до градското пристаниште.

Градоначалникот Пецаков најави дека ќе има и промена на начинот на кој е организирано паркирањето.

Денеска почнуваме со изградба на булеварот „Макеоднски просветители“, кој документационо беше завршен изминатиот период, а во моментов ќе тендерираме уште две работи кои не беа завршени по однос на документација и бидејќи проектот ќе биде со рок на изведба од околу шест месеци тековно ќе го средиме и самиот тендер за осветлување и така ќе имаме комплетно булеварско решение со двосмерна велосипедска патека, две пешачки патеки и две коловозни ленти – истакна Пецаков.

Градоначалникот на Охрид додаде дека паркингот ќе биде префрлен од другата страна и паркирањето ќе биде косо под агол од 45 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.